Објавено на:

Се намалува цената на парното во Скопје

t

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска цена за парно греење. Дали намалувањето ќе биде поголемо или помало зависи дали ќе продолжи државното субвенционирање или не.  Доколку продолжат субвенциите, за околу 60 000 корисници  намалувањето ќе биде 17 отсто, а доколку прекине субвенционирањето тогаш граѓаните ќе плаќаат за 3,16 отсто пониски сметки за парно. За 1,71 отсто се намалува цената за потрошувачите на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.

Ова го соопшти на денешната прес конференција претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој истакна дека цените на природниот гас на пазарот се намалени и стабилизирани и дека тој смета дека нема потреба државата и понатаму да субвенционира дел од сумата пресметана во фактурите на граѓаните.

Како што посочи претседателот на РКЕ, од новите пресметки на цената за испорака на топлинска енергија не биле задоволни трите компании на ЕСМ, како и ЕСМ Енергетика, а дел од нив најавиле дека одлуките на Регулаторна ќе ги обжалат на Управен суд.

Бислимовски рече дека очекува конечно ЕСМ да го постави цевководот под мостот „Беласица“, кој беше опожарен пред повеќе од една година што ќе овозможи што повеќе топлинска енергија да се испорачува од „Те-То“, која е за 30 отсто поевтина отколку цената на топланите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…