Објавено на:

Се обновува иранскиот воздушен сообраќај, а во Израел се отвораат училиштата

t

Freepik
Откако Иран и Израел соопштија дека ги суспендираат нападите, иранските државни медиуми објавија дека е укината наредбата за ограничување на летовите и воздушниот простор се враќа во нормална состојба.

Претходно беа стопирани сите летови од иранските аеродроми поради страв од нови израелски напади.

Во исто време, израелската Команда за цивилна заштита го суспендира речиси сите ограничувања, а Министерството за образование потврди дека утре ќе бидат отворени и училиштата.

Додека учениците кои се во близина на границата со Либан настава ќе следат во близина на засолништа.

Израел најави и повторно отворање на премините кон Појасот Газа, за помалку од 24 часа откако беа затворени поради „нужни безбедносни мерки“.

Преминот Карем Шалом ќе биде отворен утре за достава на хуманитарна помош, додека преминот Рафа ќе биде отворен за ограничен број на Палестинци.

По прекинот на нападите помеѓу Иран и Израел, отворен е воздушниот простор на Ирак и на Сирија.

Двете земји се наоѓаат помеѓу Иран и Израел и затоа се на линија на огнот во случај на меѓусебни напади од страна на двата најголеми непријатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се обновува иранскиот воздушен сообраќај, а во…

Freepik Откако Иран и Израел соопштија дека…

ММФ: Растот на македонската економија забрза, но…

Растот на Северна Македонија се забрза во…

Двајца велешани завршија во полиција по инцидент…

Двајца жители на Велес завршија во полициска…

Ерменија ја избра ЕУ: Путин го обвини…

Владејачката проевропска партија во Ерменија победи на…

Дали Протоколот 2 со Бугарија погрешно се…

360°: Вие како го читате Протоколот 2,…