Се огласија од СПМ откако вчера им фатија директор со 50.000 евра мито!
Социјалистичката партија на Македонија се огласи откако синоќа беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој е потпретседател на владејачката партија. Во објава на Фејсбук во 1 часот по полноќ, од партијата ја наведоа определбата за чесно и одговорно работење на сите органи и институции во државата.
„Нашите очекувања од новата демократска власт се во воспоставувањето на владеење на правото и на правната држава, но и во одговорноста во работењето на секој поединец или институција“, пишува СПМ во објавата.
Анакиев, кој е директор на Државниот инспекторат за земјоделие од јули 2024 година, беше уапсен вчера во акција на полицијата и ОЈО ГОКК, а според неофицијални информации, тој бил фатен како прима 50.000 евра како поткуп. Дел од медиумите објавија фотографија, која им ја лиферувала полицијата, од уапсениот директор на земја, со лисици на рацете и со јакна преку главата.
СПМ го осудува „нападното партиско етикетирање на актуелни случаи со сериозни обвиненија и тенденциозното објавување фотографии со кои се гази врз човековото достоинство, а за што од одговорните е потребно издржано објаснување“.
„Социјалистичката партија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги преземат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. Почитувањето и примената на законот исклучува селективност или пристрасност и обезбедува праведност,“, велат од СПМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласија од СПМ откако вчера им…
Социјалистичката партија на Македонија се огласи откако…
Ина Многуфина со коментар за соѕиданите пари…
Вчера како бомба одекна веста за откако…
Погубен е екс директор поради примање мито
Во Кина поранешен извршен директор на компанијата…
Детали за акцијата на ОЈО ГОКК: Неофицијално…
Во акција на Министерството за внатрешни работи…
„Фајненшл тајмс“ за новите партнери на Мицкоски:…
Светски познати медиуми како „Фајненшл тајмс“ во…