Објавено на:

Се очекува воена провоkaција врз Русија од САД и Украина во пресрет на Олимпијадата

t

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека постои опасност од провокации од страна на САД и Украина во пресрет на претстојните Олимписки игри.
Со тие зборови Захарова одговори на изјавата на Блумберг дека кинескиот претседател Си Џинпинг наводно побарал од рускиот претседател Владимир Путин да не ја напаѓа Украина за време на Олимпијадата, која од 4 до 20 февруари се одржуваат во Кина.
„Тоа се лажни вести, тоа е специјална операција на американските медиумски служби“, рече таа.
Захароба наведе и дека „Блумберг“ во своето соопштение не го прецизирал изворот и на руските и на кинеските функционери, па затоа, како што додаде, станува збор за провокација која не е потврдена со никакви докази.
„Ги разбирам американските медиуми. Русија одамна е ѓаволот во целата приказна. Ова е многу добар момент. Олимпијадата во Кина која американските медиуми ја плукаат од првиот ден. Блумберг комбинира две теми, но тој греши“, изјави таа на Телеграма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…