Се преврте возило на регионалниот пат Делчево – Пехчево

t

Сообраќајна несреќа помеѓу две возила се случи утрово неколку минути по 09:00 часот на регионалниот патот Делчево – Пехчево, на местото викано Стамерски преод. Во несреќата забележлива е материјална штета кај двете возила, а како што информираат очевидци кои излегле да пружат помош, нема потешко повредени лица.

По извршениот увид од страна на полицијата, како првична причина за несреќата се посочува неприлагодената брзина, иако за точната причина дополнително ќе следи соопштение во полицискиот билтен.

Поради снежните врнежи кои од утрово го зафатија Пијанечкиот регион и лизгавиот коловоз, надлежните апелираат на внимателно возење и задолжителна употреба на зимска опрема во возилата.

Пренесува Независен.мк

По судар се преврте возило на патот Делчево – Пехчево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во делчевско село пронајдени гранати од Втората…

Вчера претпладне во полициска станица било пријавено…

Средношколци од Делчево финалисти на UPSHIFT кампот…

Тим од средношколци од Делчево заедно со…

Снег во Делчево и Дебар: Возачите да…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

(Фото галерија) Интервју со млад уметник од…

Младите уметници често имаат тежок пат, особено…

Дојави за бомби и во Делчево: Маж…

Синоќа околу 19 часот во ПС Делчево…