Објавено на:

Се скараа украинскиот и хрватскиот министер за одбрана: Како е можно НАТО да не види толкав дрон?

t

Украинскиот министер за одбрана Олег Резников негира дека неговата земја го лансирала дронот кој падна во Загреб.

-Се работи за дрон од советско производство какви што има и нашата војска. Прелета неколку земји-членки на НАТО пред падот во Хрватска. Како е можно НАТО да не го видел и уништел? Значи, можете ли сами да го штитите своето небо, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников во одговорот до хрватскиот пратеник во Европскиот парламент Тонино Пицула, се наведува во соопштението од канцеларијата на Пицула.

Тој рекол дека се работи за реторичко прашање.

-Секојдневно комуницирам и со хрватскиот министер за одбрана, ние и понатаму го истражуваме овој инцидент, користиме радарска технологија, технички показатели и ве уверувам дека ние кон Хрватска не сме лансирале дрон, додал Резников.

Тој денеска преку видеоврска учествуваше на состанокот на Надворешнополитичкиот комитет на Европскиот парламент, Подкомитетот за безбедност и одбрана и членови на Парламентарната делегација ЕУ-Украина.

Резников додал дека тука се поставува прашањето и на безбедносниот систем на НАТО.

-Дронот прелетал неколку земји-членки, како не го видовте, зошто не го уништивте, можете ли да го покриете сопствениот воздушен простор, упати, како што рече, реторско прашање украинскиот министер за одбрана.

Военото беспилотно летало од советско производство ТУ-141 падна во четвртокот на 10 март вечерта во јужниот дел на Загреб. Леталото полетало од Украина и на својот пат поминало преку две членки на НАТО – Романија и Унгарија и паднал во третата Хрватска. Никој не ги алармирал противвоздушните системи во тие земји или сојузничките земји на НАТО.

Леталото влегло во хрватскиот воздушен простор од Унгарија и по 7 минути се урнало на 50-тина метри од студентски дом во 4500 студенти. Во несреќата нема повредени. Украина и Русија негираат дека го лансирале леталото, а хрватските власти спроведуваат истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицијата во Дагестан испука предупредувачки истрели…

Полицијата во руската република Дагестан денеска испука…

Директорот на Фајзер се зарази со коронавирус…

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60)…

ФФМ повика на поддршка и апелира на…

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и…

(Видео) Русите го одиграа првиот натпревар по…

Руската фудбалска репрезентација е исклучена од сите…

Африканската свинска чума се заканува да збрише…

Африканската свинска чума се заканува да збрише…