Се трага по возачот на голфот: Сѐ уште е мистерија дали момчето било само во возилото

t

Утрово во 8 часот продолжи потрагата по возачот на „голф 4“ откако вчера не беше пронајдено, ниту лицето, ниту неговото тело, откако возилото излета од мостот на Вардар кај селото Желино и падна во реката.

Од СВР Тетово за Плусинфо информираат дека потрагата за возачот се врши од двете страни на реката Вардар.

– До овој момент не е пронајдено лицето, или евентуално лицата кои биле во возилото. Од 8 часот утрото продолжи пребарувањето на водите на Вардар, во што се вклучени полициски службеници на МВР, односно СВР Тетово. Екипите го пребаруваат теренот од двете страни – ни изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Сѐ уште не е познато дали возачот бил сам во возилото. Како што може да се дознае од медиумите на албански јазик станува збор за 22-годишниот Е.Р. од Куманово, а исто така информираат дека членови на неговото семејство биле на местото на несреќата и потврдиле дека станува збор за тоа момче.

Вчера попладнето од Центарот за управување со кризи информираа дека повеќе тимови се вклучени во потрагата и дека водите ги пребаруваат нуркачи.

– Освен специјализирана екипа од МВР, шест припадници на ТППЕ Тетово и шестмина вработени во Општина Желино во протрагата се вклучени и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес. Потрагата е во тек – информираа од ЦУК.

Паднатиот автомобил вчера од реката Вардар беше извлечено со помош на градежни машини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…

МОРБИДНО! Семејството на убиената млада мајка открива:…

Животот на самохраната мајка на шест-годишно дете,…

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната…

Нема ризик за безбедноста, државата е во…

Не постои никаков ризик за безбедноста, за…