Се јави Медведев и тоа со закана, сака руската војска да влезе во Киев
Русија треба да ја направи својата специјална воена операција „експлицитно екстратериторијална“, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
„Од овој момент, специјалната воена операција мора да стане експлицитно екстратериторијална. Ова веќе не е операција за враќање на нашата земја и казнување на нацистите. Можеме и треба да навлеземе подлабоко во веќе постоечката Украина, кон Одеса, Харков, Дњепропетровск, Миколаев. Кон Киев и пошироко“, напиша тој на Телеграм.
Изјавата на Медведев уследи откако украинските сили извршија десетици напади на територијата на Русија. Во текот на вчерашниот ден жестоко беше нападнат Курскиот регион, а претпладне имаше информации дека гори и Белгород.
Како што тврди руската страна, на тоа подрачје биле извршени 86 напади.
Рускиот претседател Владимир Путин во вонредното обраќање до нацијата, нападите ги оцени како голема провокација. Сепак, тој не кажа каков одговор ќе преземе Русија за нападите на нејзина територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…