СЗО: Новите лекови ќе помогнат во борбата против Ковид во 2022 година

t

Новите лекови против Ковид-19 значително ќе ги зголемат шансите за преживување на пациентите со Ковид во тешка состојба во 2022 година, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

Охрабрен сум и од новите антивирусни лекови кои веројатно ќе се појават на пазарот во 2022 година, што значително ќе ги зголеми шансите за преживување на пациентите кои завршуваат во болница со тешки симптоми на Ковид-19“, рече Клуге во интервју за руската агенција ТАСС.

Претставникот на СЗО исто така нагласи дека следната генерација вакцини ќе биде поефикасна против новите соеви.

„Не можам да ја предвидам иднината. Но, треба да се напомене дека сегашните вакцини се првата генерација на вакцини против Ковид-19. Идните вакцини ќе бидат модифицирани и приспособени на новите варијанти или соеви, што значи дека ќе бидат поефикасни“, рече Клуге.

Тој објаснува дека тоа не се разликува од она што веќе се случува со вакцините против грип, кои речиси секоја година се прилагодуваат на новите соеви на грип.

Регионалниот директор на СЗО, сепак, забележува дека е невозможно да се предвиди крајот на пандемијата Ковид-19.

„Невозможно е да се предвиди дали во иднина ќе имаме нови и уште поопасни варијанти. Не знам кога ќе заврши пандемијата, но можам само да кажам како ќе заврши. „Пандемијата ќе заврши кога ќе достигнеме 70% од покриеноста со вакцини ширум светот“, рече Клуге.

Тој додава дека пандемијата ќе заврши кога ќе успееме да развиеме ефективни и безбедни антивирусни лекови за лекување на лицата со Ковид-19.

Претставникот на СЗО, исто така, ја нагласи потребата од зајакнување на здравствените системи ширум светот и едукација на идните здравствени работници со цел да бидат подобро подготвени за следната пандемија.

„Ќе заврши кога ќе ги зајакнеме нашите здравствени системи и ќе ги обучиме нашите идни здравствени работници да бидат подобро подготвени за следните пандемии. Ќе заврши кога ќе престанеме да реагираме на кризата како независни национални држави, туку колективно, како едно човечко семејство“, рече Клуге.

Истакна дека Ковид-19 најверојатно ќе стане ендемичен, како грипот или четири други видови на коронавирус кои предизвикуваат обична настинка.

„Предвидуваме дека мешавина од природен имунитет и имунитет стекнат со вакцини на крајот ќе помогне да се стави крај на оваа пандемија. Наше е да направиме се што можеме за да го потиснеме преносот и да продолжиме со нашите животи. Можеби никогаш нема да бидеме без Ковид, но секако можеме да бидеме без пандемија“, заклучи Клуге.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски државјани уапсени во Македонија, криумчареле кафе,…

Денеска (24.07.2024) околу 03:50 часот на магистрален…

Хаос во цел свет: Откажани се летови,…

Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

Путин: Русија ќе продолжи да ја јакне…

Русија планира да продолжи да ја развива…