СЗО: Преминот на Ковид-19 во ендемска форма не значи дека не е опaceн

t

Самиот факт дека пандемијата на Ковид-19 еден ден ќе биде ендемична не значи дека вирусот повеќе нема да биде опасен, предупреди директорот за управување со кризи на СЗО.

„Луѓето се противат на пандемијата, но ендемичната маларија убива стотици илјади луѓе, ХИВ е ендемичен, насилството е ендемично во нашите градови“, рече Мајкл Рајан на виртуелниот панел на Светскиот економски форум.


„Ендемично само по себе не значи дека е добро, ендемично само значи дека е тука засекогаш“, посочи тој.
Појавата на омикрон, кој е многу позаразен од другите соеви на Ковид-19, но предизвикува многу поблаги симптоми кај вакцинираните луѓе, предизвика дебата за претворање на пандемијата, прогласена на почетокот на 2020 година, во одредена ендемична форма. Оваа дискусија генерално имплицира дека тој е многу помалку опасен.

„Нема да се ослободиме од вирусот оваа година. Можеби никогаш нема да го искорениме вирусот. Вирусите кои предизвикуваат пандемии лесно можат да станат дел од екосистемот“.

„Можеме да ставиме крај на јавната здравствена криза на меѓународно ниво (повисоко предупредување на СЗО)“, рече тој, додавајќи дека „најниските стапки на инциденца треба да се постигнат со максимална вакцинација, така што никој нема да мора да умре“. Рајан додаде дека во иднина, три до четири дози може да бидат вообичаени за да се спречат потешките форми на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Рајанер“: Цените на летовите ќе се зголемат…

Извршниот директор на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл…

Абазовиќ: Очекуваме уште посилна поддршка од Финска…

Црна Гора го поддржува барањето на Финска…

Меконел: Конгресот на САД ќе го ратификува…

Американскиот Конгрес ќе се обиде да го…

Земјите од ЕУ не успеаја да се…

Брисел се надеваше дека ќе постигне договор…

Седум држави формираат заеднички систем за размена…

САД, Јапонија, Канада, Јужна Кореја, Тајван, Филипини…