СЗО: Расте бројот на починaти, бројот на зaразени се намалува поради намалениот број на тестирање

t

Падот на стапката на тестирање за Ковид-19 веројатно ќе придонесе за пад на пријавени случаи, дури и ако бројот на смртни случаи продолжи да расте, изјави денеска директорот на техничкиот оддел за ковид-19 при Светската здравствена организација, Сарија Ван Керхове.

Во редовниот неделен извештај за пандемијата на СЗО, објавен доцна синоќа, се наведува дека минатата недела во светот биле пријавени нешто повеќе од 16 милиони нови инфекции со коронавирус и околу 75.000 смртни случаи, објави АП.

Западниот Пацифик беше единствениот регион кој пријави зголемување на бројот на новозаразени за околу 19 отсто минатата недела, а Југоисточна Азија забележа пад од околу 37 отсто, што е најголем потврден пад на бројот на нови случаи во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Статистика на СЗО: Пушењето убива по 11…

Светската здравствена организација (СЗО) алармира дека Македонија…

СЗО бара забрана за ароматизирани тутунски производи

Со оглед на бројот на млади пушачи,…

СЗО: Одлуката на Трамп го загрозува глобалното…

Одлуката на САД да ја замрзнат странската…

Мелони по стапките на Трамп: И Италија…

Италијанската крајно десничарска партија „Лига“, на вицепремиерот…

ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…