СИГУРНАТА ИДНИНА НА АЛБАНЦИТЕ Е НАЈВАЖНА: ВЛЕН го поздрави чекорот на ДУИ и поддршката за зголемување на бројот на министерства
Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализацијата на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија, стои во соопштението на здружената коалиција која ќе биде дел од новата влада.
Добро е што дел од ДУИ по прашањето за реорганизација на министерствата покажаа дека може да бидат конструктивна опозиција. По бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал чекор кон прифаќање на реалноста, велат од коалицијата ВЛЕН за тоа што утринава се случи во Собранието и поддршката од Европскиот фронт за реорганизација и зголемување на бројот на министерства од 16 на 20.
ВЛЕН изразува задоволство што нивните апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод.
-Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализацијата на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија, стои во соопштението на здружената коалиција која ќе биде дел од новата влада.
Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16 министерства. Предлагач на ваквите измени беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а предлогот доцна синоќа беше прифатен од 88 пратеници во Законодавниот дом.
Според предлогот, постојат три клучни причини за интервенции во надлежностите на министерствата.
„Прво, во моментов постојат нејаснотии при самата распределба на надлежности помеѓу министерствата, односно не постои јасна линија каде завршуваат ингеренциите на едно а каде започнуваат на друго министерство. Втора причина е што самата алокација на функции и нивното групирање во одредени органи не е рационално, односно постојат случаи каде повеќе несродни области се алоцирани во една институција. И трето, како дополнителен предизвик се јавува тоа што области кои во моментот се стратешки приоритети на државата, претставуваат клучни предизвици или се во фокусот на светската јавност не се соодветно пресликани во институционалната рамка на државата, туку се организациски единици во рамки на одредени министерства“, пишува во законот кој доби поддршка во Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) Многу од најпознатите војводи на…
Александар Протогеров, Кирил Прличев, Георги Баждаров биле…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Левица: Новата криминнална власт започна со партизација…
Иако Законот за Советот на јавните обвинители…
(Фото) ВЛЕН се фали дека го бојкотирале…
Министри од ВЛЕН денеска не присуствуваа на…
ДУИ: Слугите од Влен нè оддалечуваат од…
Губитниците на претседателските и парламентарните избори од…