Симонов за Кочоска: Никој до сега, ниту една Влада, ниту еден политичар вака искрено не им покажал „среден прст“ на работниците

t

Никој до сега, ниту една Влада, ниту еден политичар вака искрено не им покажал „среден прст“ на работниците, пишува на Фејсбук Александар Симонов кој ја коментира изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Во продолжение неговата објава на Фејсбук.

– Добро утро работен народе.

„Платите ги обезбедува приватниот сектор за работниците од приватниот сектор. Владата е задолжена да ги исплати платите на администрацијата и мислам дека тоа успешно го прави“ е една РЕТКО ИСКРЕНА изјава (за еден политичар на овие простори) на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која заслужува да и се посвети внимание.

НИКОЈ, ама баш никој до сега, ниту една ВЛАДА ниту еден ПОЛИТИЧАР вака искрено не им покажал „среден прст“ на работниците. Не е нешто што не го знаевме, ама вака на прва се гледа дека сме далеку од избори, за милозвучни изјави ќе мора да почекаме, а до тогаш груби и сурови, со уште погруба и посурoва политика.

Работен народе, ,,ВЛАДАТА Е ЗАДОЛЖЕНА ДА ГИ ИСПЛАТИ ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА”.

-На Владата НЕ И Е ГАЈЛЕ ЗА ВАШАТА ПЛАТА!

-На Владата не и е гајле што вашиот труд го претставува БДП-то со кое таа се фали.

-На Владата не и е гајле што со увозот на работници ги намали ВАШИТЕ плати.

-На Владата не и е гајле што сите околу вас се селат.

НЕ! АПСОЛУТНО НЕ!

Владата има една задача, да ги намири своите, оние кои тешко можеш да ги најдеш на работа во работно време. Владата секој месец зема кредити за да им исплати плата на своите, кои ти работен народе (од како што милуваат да кажат ‘реален сектор’) создаваш додадена вредност и од твоето БДП треба да го враќаш.

Не заборавај РАБОТЕН НАРОДЕ, дека пред околу една година, Владата зеде т.н. „Унгарски кредит“ и го подели, најголем дел (50%) за оние кои не сакаат да ви ги зголемат платите. Од останатата половина, половината (25%) ја дадоа на Општините за “проекти” (бекатонки и асфалт што веќе им е испопукан и уништен) за преку нив да ги поделат пак на оние кои одбиваат да ви ја зголемат минималната плата, кој на крајот од денот ти работен народе ќе го исплатиш. Кои фирми добиваат од унгарската милијарда никогаш не објавија, важно е работен народе ти да враќаш назад.

За “британскиот кредит” секако знаете. Домашните задолжувања и еврообврзниците се претворени во дневна вест. Но, пропагандата може да покрие едно, а буџетот мора да покрие друго. Затоа, после изборите се скрати на земјоделците, се скрати на социјални политики, се скрати на капитални проекти, се скрати секаде, освен на местата кои ги сметаат за извор на сопствената моќ, која во перспектива треба да им гарантира власт.

Оттука, полоша порака до секој еден работник, а најмногу до оние кои работат во „реално производство“ една власт не можеше да испрати.

Замисли да си гласач на ВМРО кој не е под државна капа (со чесни исклучоци бидејќи партиските штабови им се регрутен центар), а ВМРО од позиција на апсолутна власт ти вели: ,,Тоа што ‘случајно’ имаме апсолутна власт не значи дека сме одговорни за твоите егзистенцијални потреби и за висината на твојата плата.“

Да повториме, Државата (Владата) не е неутрален набљудувач. Таа ја дефинира рамката во која се формираат платите (ВЛАДАТА иницира – СОБРАНИЕТО одлучува). Глумејќи медијатор помеѓу синдикатите и стопанските комори, Владата продолжува да биде колаборатор на олигархијата во егзистенционалната битка на работниците. – пишува Симонов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Симонов за Кочоска: Никој до сега, ниту…

Никој до сега, ниту една Влада, ниту…

Левица: Свесно и системски се ништи македонската…

Ревизорскиот извештај за Државен архив на Македонија…

Левица: Со измените на законот само децата…

Со предложените измени на Законот за високо…

Исмаил: Поради ваков закон за легализирање на…

На денешната собраниска седница, пратеникот и потпретседател…

Жерновски: Скандал, портпаролката на Владата, Митева потврди…

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј…