Синдикат на култура: Дали разрешувањето на директорот на „Гостиварски театар“ е реваншизам на Љутков
Синдикатот на културата (СКРМ) реагира по предвременото разрешување на директорот на Националната установа „Гостиварски театар“, Сулејман Рушити, прашувајќи дали се работи за реваншизам од министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Во Решението што го објави СКРМ стои дека Рушити е избран на 16 декември 2022, а се разрешува од директорката позиција пред истек на мандатот.
Од СКРМ велат дека разрешувањето доаѓа откако во оваа институција биле донесени правосилни судски пресуди во корист на вработените во културата.
„Сега основано се поставува прашањето. Дали секој што ќе постапи спротивно на желбите на министерот, ќе биде санкциониран? Правосилните судски пресуди мора да се почитуваат. Платите на вработените во ‘Театар Гостивар’ мора да бидат исплатувани согласно судската одлука без разлика дали тоа му се допаѓа на министерот или не“, стои во реакцијата.
Како што тврдат од таму, министерот претходно разрешувал Управни одбори, кога носеле Одлуки спротивни на неговите желби, за потоа новите членови на Управните одбори да донесат одлуки по негова желба.
„Сега еве почна да разрешува и директори, небаре тие се виновни што судот донел правосилна пресуда и размислуваат малку поинаку од него. Кога ја имаш власта сѐ можеш да направиш, но едно нешто не можеш , а тоа е да ја сокриеш вистината! Вистината, како што велеше еден поранешен премиер, е како шило, колку и да се обидувате да ја притиснете, на крајот секогаш излегува на виделина. А правосилните судски пресуди не можат ниту да се укинат, ниту да се поништат, ниту да се запалат. По нив мора да се постапува, министре. И тука не се декларира никаква политика како што велите, туку судска одлука министре!, се вели во реакцијата.
Инаку, претставници на Синдикатот на културата пред два дена соопштија дека поднеле кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, за „злоупотреба на службената положба и овластување, како и повреда на правата од работен однос“.
„Министерот Љутков направи нешто што во правна држава не смееше да се направи. Со насоки пратени по мејл и упатство што сам го изготви и сам го потпиша, се обиде да ги поткопа правата на вработените во културата и да ги девалвира колективните договори“, обвинија од таму на прес-конференција.
Министерот, пак, рече дека никогаш не постапувал самоволно, ниту ускратил законски загарантирани работнички права.
„Сите одлуки што ги носам се во согласност на законските рамки и со принципот на еднаков третман за сите вработени во културниот сектор. Тврдењата за злоупотреба на службената положба се целосно неосновани и неточни“, посочи Љутков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикат на култура: Дали разрешувањето на директорот…
Синдикатот на културата (СКРМ) реагира по предвременото…
„Русија планира да пее и танцува на…
Зборот „деца“ беше напишан со огромни бели…
СДСМ: Лагите на Љутков се параван на…
Лагите на актерот Љутков и ДПМНЕ се…
ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ СО ПРЕТСТАВАТА „СЕ…
Со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во…
Невработените театарџии преку отворено писмо бараат транспарентност…
Иницијативата „Аудиција СЕГА!“, во која се вклучени…