Синиша Ивановски е новиот директор на железници инфраструктура

t

Железници инфраструктура има нов директор. Досегашниот Зоран Трифуновски е сменет со Синиша Ивановски кој веќе една недела е на чело на ова претпријатие.

Инаку, Ивановски во јавноста е познат како поранешен директор на скопското претријатије „Улици и Патишта“ во времето на Коце Трајановски, а во моментов е актуелен претседател на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт.

Во Железници инфраструктура е избран и новиот состав на Управниот одбор.

За претседател на УО е избран Роберто Тошевски, а за членови Јован Симевски, Сашо Мојсовски, Небојша Захариески, Голубина Арсовска, Елена Стојкоска и Александар Маџаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Правиме се за гасење на пожарот…

Активностите за гасење на пожарот во неготинско…

Вo понеделник без струја Службата за заeднички…

Вo понеделник, 15 јули, без електрична енергија…

Ова е човекот убиен за време на…

Идентификуван е човекот кој беше убиен во…

Скопски „Водовод“ со апел водата во најтоплите…

Да се избегнува непотребно трошење на водата…