Објавено на:

Сирија: „Западот, кој ги штити Украинците, молчи за масакрите во Сирија“

t

Претседателот на Преговарачката комисија за Сирија, Енес ал Абде, наведе дека западните земји ја поддржуваат Украина против Русија во согласност со нивните сопствени интереси.

„И ние го поддржуваме украинскиот народ да биде заштитен од оружјето на Путин. Западот, кој ги штити Украинците, молчи за масакрите во Сирија. Ние сме против ова отворено лицемерие на западните земји“.

Абде, главниот преговарач на сириската опозиција, за дописникот на Агенција Анадолија ги оцени ставовите на западните земји кон Сирија и Украина.

Изјавувајќи дека ги цени земјите кои застанаа на страна на Украина против руските напади, Абде рече: „Индиферентноста кон оваа ситуација ќе ѝ дадеше сила на Русија да продолжи со злосторствата и кршењето на човековите права.“

Според него, Западот ѝ даде посилна поддршка на Украина во споредба со кризата во Сирија, за што рече: „Западните земји веднаш зазедоа цврст став против Русија чувствувајќи дека нивните интереси и националната безбедност се под закана по рускиот напад врз Украина.“

Нагласувајќи дека односот на Западот кон режимот на Асад и Русија не бил ефикасен во Граѓанската војна во Сирија, Абде рече: „Западот, она што се случува во Сирија не го гледа како директна закана за неговата национална безбедност, затоа не сака да го слушне гласот на сирискиот народ.“

– „Русија сака да го ослаби Западот со нападот на Украина“ –

Наведувајќи дека постојат сличности меѓу она што се случи во Сирија и Украина, Абде рече: „Русија сака да го ослаби Западот со нападот на Украина. Путин има за цел политички и економски да го контролира стратегиски важниот регион.“

Абде за разликите меѓу настаните во Сирија и Украина рече:

„Украинската Влада го поддржува и го води отпорот на народот против руските експанзионистички амбиции. Во Сирија режимот на Асад ја презеде улогата на слуга за интересите на Русија и Иран и побара од овие две земји да интервенираат во Сирија против народот. Режимот и Русија со години масакрираа цивили.“

– „Ние сме против лицемерието на западните земји“ –

Претседателот на Преговарачката комисија за Сирија истакнувајќи дека ја поддржуваат заштитата на украинскиот народ од нападите на Русија, рече: „Западот, кој ги штити Украинците, молчи за масакрите во Сирија. Ние сме против ова отворено лицемерие на западните земји. Без разлика на националноста или верувањето, не треба да се молчи кога се убива човек.“

Подвлекувајќи дека некои меѓународни медиумски организации со седиште на Запад, спроведуваат кампањи против сириската опозиција, Абде рече:

„Тие ја обвинија сириската опозиција дека им служи на терористичките организации. Секако дека овие наводи не ја одразуваат вистината. Русија, Иран и режимските медиуми ги поддржаа овие лажни тврдења. Затоа, сириските бегалци кои бегаат од режимот на Асад, беа третирани како потенцијални терористи.“

– „Западот треба да му даде поголемо значење на досието за Сирија“ –

Нагласувајќи дека освојувањето на Сирија од Русија и Иран е исто толку опасно како и освојувањето на Украина од Русија, Абде рече: „Русија и Иран сакаат да ја зголемат својата доминација на Блискиот Исток за да ја консолидираат својата моќ против Западот. Затоа, Западот треба да му даде поголемо значење на досието за Сирија.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски се сретна со Зеленски во Лондон:…

Премиерот Мицкоски во Лондон се сретна со…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…

Кремљ ги засили мерките за безбедност на…

Безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин,…

Орбан го претставува планот за решавање на…

Мировниот план на унгарскиот премиер Виктор Орбан…