Сиромашната пациентска храна на Клинички центар се плаќа „богато“ – со камата

t

Заеднички служби треба да ѝ исплатат на фирмата „Хацат“, 665 илјади евра за храната и оброците кои што таа им ги доставувала на хоспитализираните пациенти во Клинички центар „Мајка Тереза“ и на персоналот. Врховниот суд на 22 мај потврди, дека фактурите за оброците што „Хацат“ им ги доставувале на клиниките, а кои треба да ги плаќаат Заеднички служби – не биле подмирени. Затоа, Врховен наложи Заеднички служби да ги исплатат парите, а и да платат камата. Нејасно е како ова ќе се изведе без финансиска инјекција од Владата, зашто според неофицијални информации на „Слободен печат“ сметката на Заеднички служби е блокирана а долгот кон „Хацат“ за храната е уште поголем од овие 665 илјади евра. Кога ќе се погледне архивата на судскиот портал, евидентно е дека на „Хацат“ не му е првпат да тужи зашто не му биле исплаќани пари за храната, пренесува Слободен Печат.

Оваа фирма ги снабдува болниците во Клинички центар со оброци за пациентите и за персоналот повеќе од 2 децении.

На хартија, постојат над 32 видови на диети за пациентите, па секоја клиника требува храна односно диета зависно од симтоматологијата и специфичните потреби на пациентите, односно болеста. Но во пракса, болничката храна во Клинички центар „Мајка Тереза“ е субстандардна и по многу ниски цени – 256 денари за три оброци. Лани имаше и случај кога лекарите од Кожната Клиника, побараа да не им се доставува храната на „Хацат“ а наместо тоа, парите да им легнуваат на банкарската сметка како хранарина. Одвреме навреме, и по некој лекар објавува фотографии од тоа што добил за јадење на дежурство, а бројни оброци како што стигнуваат на клиниките, така и се враќаат назад – недопрени.

Без разлика на се, храната редовно се доставува, но Заеднички служби нередовно ја плаќаат. Поради тоа од буџетот се таложат камати, судски и адвокатски трошоци кои на крајот се наплаќаат. Последен е случајот кога на ваков начин, со камати, ќе се наплатат 665 илјади евра за досега неплатени оброци. Фирмата си фактурирала, а Заеднички служби наместо да ги исполнуваат обврските – не реагирале.

Првиот договор меѓу Заеднички служби – установата што се грижи за снабдувањето на Клинички центар и фирмата „Хацат е склучен на 26 март 2004 година. Предмет на договорот било „регулирање на меѓусебните права и обврски во врска со обезбедување и снабдување со исхрана на пациентите и персоналот на Клинички центар“. Во членот 8 од договорот било предвидено дека Заеднички служби ќе вршат плаќање за извршените услуги во рок од 15 дена по доставена фактура.

На 15 април 2009 година година Заеднички служби склучиле анекс на договорот со кој биле определени нови цени за услугите, било уредено дека овој договор се склучува на неопределено време и било утврдено дека за се што не е изменето со овој договор остануваат да важат претходните договорни услови.

За извршените услуги за обезбедување и снабдување со исхрана согласно склучените договори тужителот „Хацат“ го задолжил тужениот Заеднички служби со фактури на поединечни износи на точно определени датуми, односно по основ на сите фактури тужителот го задолжил тужениот со вкупен износ од 40.703.564,00 денари. Сите фактури биле уредно примени од страна на тужениот преку неговата архива, наведува Врховен суд во одлуката со која се наложува исплатата да биде извршена.

По наоѓање на Врховниот суд, правилно пониските судови заклучиле дека Заеднички служби му долгуваат на „Хацат“ вкупна фактурирана цена за извршените услуги во износ од 40.703.564,00 денари со камата.

Причината е што „Хацат“ ги исполнил своите договорни обврски на начин што за потребите на „Заеднички служби“ вршел снабдување со храна на пациентите и на персоналот, а за извршените услуги изготвувал и го задолжувал тужениот со фактури, кои тужениот уредно ги примил преку својата архива.

Притоа тужениот во текот на постапката не доставил докази дека приговорил на фактурите ниту по основ, ниту по висина, ниту пак истите му биле вратени на тужителот, а не доставил ниту доказ дека евентуално ги платил, наведува Врховен суд.

Во Заеднички служби упативме прашања во што се состои проблемот што оваа установа не ги има навремено во рок од 15 дена подмирувано обврските кон „Хацат“ па се таложеле камати, дали имаат опција како установа да го раскинат договорот со „Хацат“ и дали размислуваат за тоа и за кои јавно-здравствени установи се спорните фактури. Прашавме и дали имаат финансиски можности да ги исплатат овие 665 илјади евра и од каде ќе најдат толку многу пари. Одговори до објавувањето на овој текст не добивме.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиромашната пациентска храна на Клинички центар се…

Заеднички служби треба да ѝ исплатат на…

Пијан возач удрил во бетонски столб во…

Доцна синоќа во 02.20 часот, во полиција…

„Ова се луѓето кои треба да одговорат…

Професорката Мирјана Најчевска, споделувајќи ја ревизијата за…

Несреќа за време на младинските европски олимписки…

Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двјца…

Директорот се извини на битолчани, комуналците притиснале…

По инцидентот во битолската населба Недопирливи, за…