Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица – Валандово

t

Сите патни правци низ државата се проодни, а намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Струмица – Валандово, информира ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но во моментов не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, како што наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради…

Сите патни правци низ државата се проодни,…

Сите демонстранти ќе бидат обвинети како „непријатели…

Главниот обвинител на Иран, Мохамад Мовахеди Азад,…

Кај нас се враќаат со авиони: Секој…

Анкетата на Германскиот центар за истражување на…

„ВОЗАЧОТ НЕ ГО УДРИЛ, САМ СЕ ПОВРЕДИЛ“:…

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје излезе со…

Медведев: Владејачките европски будали сè уште сакаат…

Доколку Европа продолжи да зборува за испраќање…