Објавено на:

Сијарто: Унгарија нема да купува поскапа нафта по наредба на Украина

t

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денес изјави дека неговата земја нема да купува поскапа нафта по наредба на Украина, дека ќе ги брани пониските цени на енергијата и ќе го зачува суверенитетот, и покрај притисокот од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Литванскиот министер за надворешни работи Будрис Кестутис денес изјави дека се срами што живее во земја која купува евтина руска нафта, тврдејќи дека тоа значи откажување од автономија“, напиша Сијатро на платформата Икс.

Како што истакна, балтичките држави „играат како што игра Зеленски“ веќе долго време, но дека Унгарија нема да подлегне на уцената на украинскиот претседател.

„Никој не може да ни диктира од каде треба или не треба да купуваме нафта, и никој не може да нè принуди да ја купуваме по повисока цена од порано“, рече Сијарто.

Тој нагласи дека семејствата во многу европски земји плаќаат три до четири пати повеќе за комунални услуги отколку во Унгарија.

„Ќе ги заштитиме пониските цени на енергијата и ќе го одбраниме нашиот суверенитет“, рече Сијарто.

Нафтата од Русија престана да тече преку нафтоводот „Дружба“ кон Унгарија и Словачка на 27 јануари, а Украина тврди дека причината е рускиот напад врз нафтената инфраструктура во градот Броди во регионот Лавов.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо се сомневаат дека Киев ја користи ситуацијата за политички притисок и мешање во унгарската изборна кампања.

Украина ги отфрла обвинувањата и тврди дека работи на поправка на оштетената инфраструктура, објави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Унгарија нема да купува поскапа нафта…

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер…

Канада изгуби повеќе од 100.000 работни места…

Канада изгуби повеќе од 100.000 работни места…

„Дојче веле“: Путин профитира од војната со…

Растечките цени на нафтата поради војната во…

Ќе пушта ли Иран танкери низ теснецот…

Иран размислува да дозволи поминување на ограничен…

Владата одлучи: Заловените крави од Крива Паланка…

Владата донесе одлука Агенцијата за храна и…