Сиљановска Давкова: Како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме секој облик на фашизам или слични идеологии
9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна: антифашистичката. Илјадници македонски партизани, млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци станаа дел од Народноослободителната борба, цврсто решени да се изборат за слобода, но и за самостојна и независна држава на македонскиот народ, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова во својата порака по повод 9 мај.
„Околу 25.000 борци не ја дочекаа слободата и победата, но останаа запишани во македонската историја како незаборавни јунаци за македонската држава. Кога на 9 Мај 1945 година капитулираше нацистичка Германија, македонската војска броеше повеќе од 110 илјади борци. Има ли поголемо сведоштво за решеноста со крв да се извојува слободата и да се оствари правото на самоопределување? За храброста и пожртвуваноста, 66 борци беа одликувани со Орденот народен херој, од кои 44 постухумно“, вели Давкова.
Таа посочува дека меѓу најтешките трагедии од македонската НОБ е оној врзан за македонските Евреи.
„Пред војната, во Скопје, Битола и Штип еврејската заедница броеше 7.762 луѓе, почитувани македонски сограѓани. Во март 1943 година, окупаторските власти депортираа 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка. Речиси никој не се врати. Исчезнаа цели семејства, домови и генерации, но останаа небришливите траги и спомени во колективна меморија. 9 Мај одново и одново нè потсетува дека ниту слободата, ниту државата не ни се подарени, туку со живот и крв се изборени и мора да се чуваат, негуваат и бранат. Како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии, да веруваме и трагаме по мировни решенија за сите внатрешни, меѓудржавни и меѓународни проблеми, следејќи го примерот на вистинските европјани: Робер Шуман, Конрад Аденауер,Алсид де Гаспери и Жан Моне, татковците на нашата модерна Европа, оти заедно сме посилни! Слава на сите паднати антифашисти и борци за слобода! Нека нивната жртва никогаш не биде заборавена“, пишува претседателката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова: Како природни и докажани Европјани,…
9 Мај за нас е двоен празник:…
ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“:…
Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите…
Мицотакис најави избори во Грција во мај
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес, три недели по железничката…
Овој мај најтопол во последните неколку години
Мај бил потопол и посув месец во…
(Видео) Ѓоковиќ се огласи со мoќна и…
Додека целиот свет ја чека конечната одлука…