Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност

t

Климатските промени веќе не се далечна закана, туку реалност што секојдневно ја живееме, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Таа нагласи дека државата мора да премине од реактивен кон превентивен пристап, со јасно дефинирани политики и координирани институционални одговори. Воедно, ја истакна уставната обврска за заштита на природата, но и предупреди дека без доследна примена на законите и стратегиите, документите остануваат само на хартија.

-Денес, кога зборуваме за климатските промени, не зборуваме за нешто далечно и апстрактно, туку за реалност којашто секојдневно ја живееме низ летата што траат подолго отколку што сме навикнале, низ воздухот, збогатен со PM честички, низ водата што станува загадена и недоволна, низ шумите што исчезнуваа – рече претседателката на настанот „Климатски промени – ризици и предизвици“, што се одржува денеска во Вила „Водно“.

Таа нагласи дека климатските промени се мултипликатор на ризици и бараат координиран институционален одговор.

– Климатските промени се опишуваат како мултипликатор на ризици, зашто не создаваат само нови предизвици, туку ги засилуваат постојните: она што вчера било економски проблем, денес станува социјален, а утре и безбедносен. Во последните години, екстремните временски и климатски настани предизвикаа значајни економски штети и загуби на ресурси, што директно се одразува врз развојните можности – нагласи претседателката.

Во своето обраќање, Сиљановска Давкова се осврна и на уставната обврска за заштита на животната средина.

– Нашиот Устав ја препознава заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како темелна вредност на уставниот поредок. Денес, таа вредност не може да се разгледува изолирано, туку и во контекст на безбедноста, имајќи предвид дека ризиците од климатските промени директно влијаат врз функционирањето на општеството и институциите. Иако оваа вредност е уставна материја, сѐ уште го чекаме Законот за климатска акција – рече таа.

Претседателката повика на промена во начинот на размислување и планирање.

– Потребна е промена во начинот на којшто размислуваме, планираме и одлучуваме, зашто долго време функциониравме реактивно, односно „пост фестум“, наместо превентивно, односно „ex ante“. Преминот кон превентивно делување станува неопходен, при што интегрираниот систем за рано предупредување е дел од решението, заедно со координацијата меѓу институциите и соработката – порача Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се…

Климатските промени веќе не се далечна закана,…

Намален бројот на ученици во основните училишта

Бројот на учениците во редовните основни училишта…

Вучиќ: Многу тешки времиња претстојат во Европа…

Српскиот претседател истакна дека Европа ја очекуваат…

Тензии на расправата за еднакви права, Даути…

Наместо конструктивна расправа, претпладнето во Собранието помина…

(Видео) Иранци формираа „живи штитови“ кај електраните…

Снимки и фотографии од ирански државни медиуми…