Сиљановска-Давкова на прием кај Ердоган во Анкара пред НАТО Самитот
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, учествува на 36. Самит на НАТО, кој се одржува во Анкара, каде што со лидерите на земјите-членки разговара за безбедносните предизвици и иднината на евроатлантската соработка.
Во пресрет на официјалниот дел од Самитот, Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. На Фејсбук таа информираше дека во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади размениле мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.
„Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста“, порача претседателката.
Попладнето лидерите на земјите-членки се собраа на традиционалното заедничко фотографирање, при што Сиљановска-Давкова беше позиционирана во првиот ред заедно со останатите шефови на држави и влади.
Самит на НАТО е фокусиран на зајакнување на колективната безбедност, унапредување на одбранбената соработка и координиран одговор на актуелните геополитички предизвици, а се очекува лидерите да усвојат повеќе заеднички заклучоци и насоки за идното дејствување на Алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова на прием кај Ердоган во Анкара…
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, учествува на…
ММФ предвидува дека македонската економија до 2031…
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува Македонија до…
Мексико ги истражува САД за апсењето на…
Мексико во вторник соопшти дека истражува дали…
(Видео) Торнадо во Кина оддува човек од…
Торнадо со ветрови до 260 километри на…
Хрватски морнар сведочи за драма на танкер…
Само неколку часа откако беше објавено дека…