Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани предводени од Мајк Зафировски, кои од денеска престојуваат на аџилак во земјава.
Изразувајќи огромна благодарност за приемот, истакнатите и угледни членови на американското општество ја запознаа претседателката со мотивот и инспирацијата за посетата на земјава, како една од нивните три дестинации за аџилак, покрај Грција и Турција, посочувајќи дека на Македонија гледаат како на духовна и културна ризница со богата традиција и историско наследство.
Поздравувајќи го нивниот избор за аџилак, Сиљановска-Давкова им посака успех и изрази уверување дека ќе понесат незаборавни спомени и впечатоци од автентичноста на земјава и особено од Охрид, како дел од библискиот и цивилизациски мозаик. Како припадници на Епископалната црква, којашто ужива голем углед во американското општество, претседателката верува дека со нивната мисија, спознавање на различностите и промовирајќи мир и верба, ќе придонесат за зајакнување на вредностите на солидарност, толеранција и духовно единство.
Сиљановска-Давкова укажа на важната улога на македонската дијаспора во градењето на блиски врски меѓу американското и македонското општество, како додадена вредност на нашето стратешко партнерство со САД.
Таа упати благодарност до Мајк Зафировски за постојаните врски со татковината, заложбите преку „Македонија 2025“ за афирмација и промоција на земјава и посветеноста на проектите коишто го потикнуваат растот на македонската економија.
Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби во светот и ги слушнаа ставовите на претседателката за глобалните предизвици и проблемите со кои се соочува државава во однос на надворешната политика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани…
Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Се пишмани шефицата на американското разузнавање: Иран…
Ситуацијата на глобално ниво станува сè понапната!…
Tрагедија во Скопје: Двајца најдени мртви во…
Црн ден за главниот град – во…
Еве за што е уапсен началникот за…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…