Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила
На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во…
На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје,…
Трамп: „Ни оди многу добро во Иран“,
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека операциите…
Седум земји, меѓу нив и САД, бараат…
Министрите за надворешни работи на групата Г7…
Војната ескалира: Погодена нуклеарна централа во Иран,…
Војната со Иран влегува во нова, поопасна…
Кризата сериозно тропа на вратата на странските…
Економската криза поради нападот на САД и…