Скопјанец се тепал со жена од Демир Капија

t

26-годишен жител на Скопје и 32-годишна жена од Демир Капија вчера попладне се степале во кругот на скопскиот Клинички центар, а тој потоа се обидел и насилно да влезе во автобус со кој се возела жената, соопшти МВР.

„На 17.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(26) од Скопје и 32-годишната С.П. од Демир Капија. Исто така, во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на бул.„Александар Македонски“, Б.Д. сакал насилно да се качи во автобус каде била С.П., а откако возачот не му ја отворил вратата, агресивно се однесувал кон него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ