Скопјанка лажно се претставувала како вработена во МЗШВ: Ветувала државно земјиште за поткуп од 3500 евра!
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија, лажно се претставувала како вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на работна позиција референт.
– Еден оштетен го довела во заблуда со тоа што му ветила дека како вработена во Министерството, со помош на својот претпоставен, ќе му помогне на легален начин да дојде до државно земјиште под закуп кое тој го користел подолг период. За услугата во повеќе наврати од август до сега му побарала и му зела парични средства на рака, во вкупен износ од 210.474 денари, појаснуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничената би се криела за да го избегне кривичниот прогон, се наведува во соопштението, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворено писмо од вработени во МЗШВ: Трпиме…
До редакцијата на Инфомакс пристигна отворено писмо…
Николовски за 100 дена Влада: Субвенциите не…
Пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски синоќа на…
Исплатени се субвенции за произведено и предадено…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан…
Управител на градежна фирма измамил охриѓанец за…
Вчера во 16.00 часот во СВР Охрид,…
Поранешниот шеф за „различности“ на Фејсбук се…
Обвинителите велат дека измамата се потпирала на…