Скопје и натаму меѓу најзагадените европски градови и на 25. место во светот, на загадувањето се „залепи“ и грипот

t

Аерозагадувањето и сезонскиот грип ја полнат болницата во Козле со болни деца. Во моментов, низ амбулантите во клиниката на преглед поминале околу 150 деца додека хоспитализирани се 60 деца најмногу со респираторни инфрекции, пневмонии, астма и бронхиолити. Најмалиот хоспитализиран пациент има само два месеци.

Педијатрискиот пулмолог доктор Мирјана Поповска рече дека новороденчињата и децата се најранлива категорија на пациенти во овој период бидејќи нивниот имунолошки систем не може толку лесно да се избори ниту со загадениот воздух ниту со сезонските грипови.

Децата нивните бели дробови, нивниот мозок е сеуште во развој тие се најкритичната група на пациенти во кој што е загрозено нивното здравје. Дополнително нивниот имун систем не е развиен и е во фаза на развој и на тој начин децата се подложни на респираторни инфекции затоа што немаат одбрана. Тие се добри домаќини бидејќи не се сретнале со вирусите.

Во однос на активниот сезонски грип, Поповска објасни најлесно и најчесто може да се препознае преку омалаксаност и болки во коските и мускулите.

Д-р Мирјана Н. Поповска, педијатриски пулмолог – Инаку Инфлуенца А како вирус, се манифестира со една висока фебрилност, па може температурата да оди и до 40 степени. Има еден типичен симптом а тоа е една генерализирана омалаксансот, децата се жалат на болки во коски, мускули, грло, носна секреција. Една обична вироза децата ќе ја поминат во кревет и за 2 до 3 дена поминува но инфлуенцата знае децата и да ги омалакса да бидат покомпромитирани.

Според податоците на институтот за јавно здравје од 8 до 14 декември пријавени биле 126 случаи на грип од кои најмногу заболени биле регистрирани во Тетово. Според старосната распределба, најзасегната е групата 15–64 години. Од почетокот на оваа сезона, регистрирани биле 998 случаи на грип, што е зголемување од 51,2% во однос на истиот период минатата сезона.

Од Институтот велат дека најсигурна заштита од сезонскиот грип е вакцинацијата и апелираат до граѓаните редовно да се вакцинираат.

Со цел да се намали ширењто на сезонскиот грип пак, и од Министерството за здравство но и од Институтот препорачуваат често миење раце, избегнување големи гужви и внесување витамини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје и натаму меѓу најзагадените европски градови…

Аерозагадувањето и сезонскиот грип ја полнат болницата…

Власта и опозиција се скараа за загадувањето,…

Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење,…

ФБИ ја игнорирало пријавата против Епстин уште…

Марија Фармер, чија сестра Ени била злоставувана…

ЕК спушти „рампа“ за ИПАРД 3? Висат…

Дали Европската Комисија (ЕК) воведе целосна суспензија…