Славјанка повторно брилира: Москва да покаже конкретни сигнали на деескалација, нема простор за страв Македонија е безбедна, службите си ја вршат работата

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во изминатите два дена во Брисел за првпат учествуваше на министерски состанок за одбрана на НАТО, што беше во најголем дел посветен на тензиите со Русија и безбедносните ризици за Европа. Таа во интервју за МИА повтори дека заедничката порака во НАТО е порака на деескалација и дека од Москва се очекуваат конкретни сигнали во таа насока. И покрај безбедносните тензии на континентот, Петровска уверува дека нема простор за страв и дека Македонија е безбедна.

– Она што е многу важно во вакви ситуации кога интересот, се разбира, е многу оправдан за случувањата во и околу Украина, многу е битно политичките пораки кога ќе бидат испратени да бидат пораки на смирување пред сѐ, но исто така и пораки кои ќе упатуваат на деескалација на состојбите. Тоа е клучната и прва порака околу која практично сите се обединивме и се согласивме дека тоа е многу потребно. Се разбира дека НАТО како политичко-воен сојуз, освен пораките на одвраќање и одбрана на сопствената територија, мора да ги испрати овие пораки за да се даде шанса, односно се оди кон дипломатско решавање на кризата. И во таа насока генерално се одвиваа и дискусиите на состанокот и се разбира и финалната порака ја пративме во таа насока – вели Петровска.

Таа нагласи дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна.

– Безбедносната состојба во Република Македонија е стабилна и тоа е нешто што го потврдуваат институциите што се задолжени за внатрешната безбедност. Се разбира дека сите надворешни влијанија, без оглед дали станува збор за руско-украинската или други влијанија генерално во светот, службите во рамките на своите надлежности ги следат. Впрочем раното предупредување е дел од нивните задачи во координација со сите служби и сите институции кои се задолжени за безбедноста на државата се носат соодветни одлуки. Во овој момент она што е став е дека нема потреба од загриженост и дека состојбата е стабилна и безбедна – посочи министерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Изгаснат е пожарот во Ново Село…

Изгаснат е пожарот кај Ново Село кој…

Полицаец пронашол камена гробница од античко време…

Саркофаг (камена гробница) од античко римско време…

Син ја претепал својата 72-годишна мајка

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

СДСМ: Го охрабруваме Тошковски да почне истраги…

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и…

Просечната плата во Србија достигна историски 100.000…

Министерот за финансии во Владата на Србија…