Следува австриско вето? – Само 20 отсто од Австријците го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ
Проширувањето на Европската Унија не е меѓу приоритетите на австриските граѓани, откриваат резултатите на неодамна објавената анкета, додека Македонија може да се надева на само 20 отсто од поддршката на испитаниците, се вели во анализата објавена од Австриското општество за европска политика.
Само 24 отсто од испитаниците се изјасниле дека го поддржуваат протиширувањето на ЕУ со нови земји-членки. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан, но и на Украина, Молдавија и на Грузија.
Има разлика и во изјаснетата поддршка кон земјите од Источна Европа и оние од Западен Балкан. Позитивно за интеграцијата за Украина се изјасниле 23 отсто од Австријците, додека за Албанија само 14 отсто. Србија има поддршка од 16 отсто од граѓаните на Австрија, додека Македонија е пополурана од соседите со 20 отсто.
Австријците сметаат дека нашиот регион допрва треба да се европеизира, за да биде интегриран во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…