Словачкиот министер за одбрана: Има мистериозен настан поврзан со атентатот на Фицо!
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по атентатот во средата на 15 мај е сè уште сериозна и ќе биде потребно време за лекувањето да се префрли на рехабилитациониот и реконвалесцентниот дел, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак, наведувајќи нови, мистериозни детали за околностите на нападот на Фицо.
Бидејќи се појавија информации дека по атентатот на Фицо, некој го хакирал профилот на атентаторот Јурај Цинтула (71) на Фејсбук, Калињак вели дека „верзиите на истрагата се прошируваат“.
– Ова е верзијата која вели дека има луѓе или некои поголеми заедници кои може да се поврзани со овој случај – и врз основа на неколку податоци, а не еден, што се случи веднаш по самиот атентат. Мета вели дека неговиот профил бил избришан ден по прес-конференцијата на која е идентификуван сторителот – што е приближно повеќе од 24 часа. Велам дека нешто се случило во меѓувреме и тоа е работа која дополнително се истражува – рече Калињак.
Тој додаде дека би бил „многу среќен“ доколку Мета соработува во ставањето на располагање на органите на прогонот на содржината на профилот што го отстрани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фицо: Влегуваме во ужасни времиња
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Русија…
Словачка ќе бара продолжување на исклучоците од…
Словачка планира да разговара со Европската Унија…
Фицо продолжува по старо… Немало да дозволи…
Во неделата, словачкиот премиер Роберто Фицо вети…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…