Словачки европратеник со предупредување: Русија ќе интервенира и во Македонија и во Бугарија – не останувајте во минатото
Словачкиот европратеник од ЕПП Владимир Билчик ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение за билатералниот спор, притоа посочувајќи ги новите предизвици со кои би се соочиле двете земји, но Европската Унија во целост.
– Да, има билатерални проблеми меѓу Бугарија и Македонија. Но, имавме и имаме многу билатерални проблеми во Централна Европа. Со ништо овие проблеми на Балканот не се уникатни. Имавме такви проблеми со Унгарија, меѓу Чешка и Словачка, кога беше поделена Чехословачка, и тие беа поврзани со малцинствата, нивното признавање, но ние се справивме со нив на патот кон ЕУ, па сè што сакаме да направат нашите пријатели во Бугарија и Македонија е да најдат начин да разговараат со едни со други и во исто време – вели европратеникот Билчик во неговото интервју за БНР.
Билчик вели дека не станува збор само за овие две земји, туку за многу посериозни европски стратешки интереси.
– Треба да најдеме начин како да го придвижиме проширувањето и пристапниот процес и да ги решиме билатералните проблеми. Доколку останеме во минатото можно е Русија да интервенира и во двете земјите, како што тоа го прави во другите региони. Поради тоа јас ги стискам палците за моите пријатели од Бугарија и Македонија да најдат начин да се придвижат напред. Има многу емоции и проблеми, многу напорна работа за двете страни. Меѓутоа, оваа војна промени многу работи и се соочуваме со многу поголеми закани. Верувам дека прашањето за малцинствата може да се реши трпеливо и преку дијалог, како што се случи во Централна Европа – рече европратеникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…