Објавено на:

Словенија планира да ги отстрани противмигрантските препреки од границата со Хрватска

t

Новата словенечка Влада планира да ги отстрани противмигрантските физички препреки од границата со Хрватска до крајот на годината. Наскоро ќе се направи и оперативен план, информацијата е потврдена за агенцијата СТА.

Станува збор за еден од приоритетите на Владата, а оперативните детали ќе бидат прецизирани до крајот на месецот.

Како што покажуваат податоците на словенечкото Министерство за внатрешни работи, Словенија кон Хрватска има 135.372 метри панелни дрвени огради и 60.595 метри жилет жица, за чие поставување, досега, потрошени се 23,25 милиони евра. За одржување пак, дополнителни 3,6 милиони.

Поставувањето започна во екот на мигрантската криза од 2015 година. Одвреме навреме се надополнуваше, а жицата е заменета со панелна ограда.

Како што беше потребно јавна набавка за поставување на оградата, така ќе биде потребна и за нејзиното отстранување.

Министерката за внатрешни работи во новата Влада на Роберт Голоб, Татјана Бобнар, неодамна изјави дека физичките препреки на границата со Хрватска ќе бидат заменети со камери и дронови, за да се спречат мигранти илегално да влезат во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јандроковиќ: Сочувство од Саборoт и народот на…

Претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан…

Подвиг на хрватски лекари – пресадиле пет…

Лекарите од клиничката болница Меркур во Хрватска…

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Хрватско МНР до граѓаните: Не патувајте за…

Хрватското Министерство за надворешни работи денеска ги…

На шумски пат во Хрватска, пронајден запален…

Хрватската полиција од Петриња, во соработка со…