Објавено на:

Случај Епштајн: Можни злосторства против човештвото?

t

Милиони документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн укажуваат на постоење на „глобален криминален потфат“ чии елементи би можеле да го достигнат законскиот праг на злосторства против човештвото, изјави денес група независни експерти назначени од Советот за човекови права на Обединетите нации.

Експертите велат дека злосторствата, опишани во документите објавени од Министерството за правда на Соединетите Американски Држави, се извршени во контекст на супремацистички верувања, расизам, корупција и екстремна мизогинија и укажуваат на комерцијализација и дехуманизација на жените и девојчињата, објавува Ројтерс.

„Размерот, природата, системскиот карактер и транснационалниот дострел на овие злосторства против жените и девојчињата се толку сериозни што некои од нив би можеле да го достигнат законскиот праг на злосторства против човештвото“, се вели во соопштението на експертите. Тие оценија дека обвинувањата изнесени во објавените досиеја бараат независна, темелна и непристрасна истрага, како и испитување на околностите што дозволиле вакви злосторства да се извршуваат во подолг временски период.

Експертите на ОН изразија загриженост за она што го нарекоа „сериозни процедурални пропусти и несоодветни редакции“ што открија чувствителни информации за жртвите, бидејќи повеќе од 1.200 жртви се идентификувани во досега објавените документи.

„Неподготвеноста целосно да се откријат информации или да се прошират истрагите остави кај многу преживеани чувство на повторна трауматизација и она што тие го опишуваат како институционална измама“, се вели во соопштението. На 30 јануари, Министерството за правда на САД објави повеќе од 3,5 милиони страници документи, околу 2.000 видеа и 180.000 фотографии во најновата, најобемна серија материјали поврзани со случајот Епштајн.

Џефри Епштајн беше обвинет во 2019 година во федералниот суд во Менхетен по обвинение за трговија со малолетници за целите на сексуална експлоатација. Епштајн беше пронајден обесен во својата ќелија додека чекаше судење, а неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил и Хилари Клинтон се согласија да…

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и…