Снежен хаос во Хрватска: Затрупани автопати и пораки со предупредување до граѓаните
Силен снежен бран и интензивни ветрови ја зафатија Хрватска, предизвикувајќи сериозни проблеми во сообраќајот, особено во планинските региони, пренесува хрватски Индекс.
Автопатот низ Горски Котар е затрупан со снег, а зимските служби се постојано на терен за расчистување. Поради влошените услови, Хрватски авто-клуб (ХАК) издаде посебни предупредувања до возачите.
Утринава во 6 часот, граѓаните добија порака од Цивилната заштита со апел за зголемена претпазливост поради обилните снежни врнежи, како и линк за следење на актуелната состојба.
Зимски услови владеат на дел од патиштата во Горски Котар и Лика, додека на крајбрежјето дува силен ветер. Поради тоа, воведени се ограничувања за одредени категории возила, а сообраќајот за камиони со приколки и шлепери е целосно запрен.
Чистењето и посипувањето на патиштата се одвива на повеќе делници, но на некои места сообраќајот е забавен поради присуство на механизација.
Надлежните апелираат возачите да бидат внимателни, да одржуваат безбедно растојание и да не тргнуваат на пат без задолжителна зимска опрема.
Според прогнозите, времето во текот на денот ќе биде нестабилно, ветровито и значително постудено, особено во внатрешноста на земјата. Ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, локално и поројни врнежи проследени со грмежи, додека на Јадранот се очекуваат пообилни врнежи.
Во внатрешноста, дождот на места ќе преминува во лапавица, а во повисоките и планинските подрачја – во снег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снежен хаос во Хрватска: Затрупани автопати и…
Силен снежен бран и интензивни ветрови ја…
Милановиќ по средбата со Давкова: Има живот…
Европската Унија е надградба, добредојдена е додека…
Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува…
Пленковиќ: Хрватска ќе продолжи да ја поддржува…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, по повод 50…
Милановиќ за Србија: „Се снабдуваат со офанзивно…
Претседателот на Републиката Зоран Милановиќ учествуваше на…