Снимка од детски фестивал каде девојче пее за „Голема Албанија“ била емитувана на МРТВ2

t

Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше емитувана на Македонската радио-телевизија, на вториот канал, во рамки на детски фестивал, предизвикувајќи реакции во јавноста поради содржината во сооднос со визуелните елементи на настапот. Ова е емитувано вчера (28 март) околу 11 часот утрото, пренесува Скопје1.

Изведувач на песната е 13-годишно девојче, кое за време на настапот носи маица со мапа што во јавноста се поврзува со концептот на т.н. „Голема Албанија“, што дополнително ја засили дебатата околу пораките што се пренесуваат преку јавниот сервис.

Во текстот на песната се пеат стихови: „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, по што следува порака за обединување: „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“. Песната завршува со мотиви за слобода и опстојување, со порака дека народот ќе живее слободно.

Визуелниот дел со мапата на т.н. Голема Албанија, која опфаќа делови од Македонија, Србија, Грција и Црна Гора, предизвика особени реакции бидејќи ова е емитувано на државната телевизија на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимка од детски фестивал каде девојче пее…

Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше…

„Ајкулите во Персискиот Залив ги чекаат американските…

Иранската војска порача дека „ајкулите во Персискиот…

(Видео) Тадиќ: Kако фашистите на Мусолини, Вучиќ…

Поранешниот претседател на Србија, сега лидер на…

80 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА…

Додека светот уште ги лечел тешките рани…

ОЈО Кочани: Пронајдено тело на маж со…

Во близина на Виница е пронајдено тело…