Собранието ги избра 16-те заменици-министри во Владата

Со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието ги избра 16. заменик-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски.
За заменик-министер за одбрана е избран Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи Фатмире Исаки.
Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан Филип Николоски, во Министерството за економија Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство Абдулшуќур Абедини. За заменик на министерот за здравство е изгласан Владимир Рендевски, во Министерството за образование и наука за заменик е избран Лулзим Алиу, додека во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин.
За заменик-министер за локална самоуправа е избран Зоран Димитровски, за култура Даим Лучи, за информатичко општество Александар Бајдевски, за транспорт и врски Беким Реџепи и за животна средина Христина Оџакиевска. Во Министерството за политички систем за заменик-министер е избран Џабир Доко.
Премиерот во завршното обраќањето пред пратениците, изјави дека најважно е да работат искрено, посветено, стручно и ефикасно.
Таква матрица, таква методологија, таква работна сфера, таква контрола и одговорност побарав и нема да отстапам за сите врвни владини позиции, како и за министрите така и за заменик-министрите. Како што најавив имаме план, со рокови, обврски, носители на задачи и начин за мерење на ефектите врз животот на граѓаните. Нашиот пристап е јасен, искрен и мерлив. Сите работи – минати, сегашни и идни јасно ги соопштувам на јавноста и зад нив стојам, бидејќи личниот образ, одговорноста и системот на вредности за мене се врвни критериуми и така барам да се однесуваат и останатите – изјави Ковачевски
Опозицијата пак, обвини дека начинот на кој се предложени заменик-министрите е непрофесионален, дека дел од нив немаат соодветно образование и познавање за назначената функција и дека голем дел од нив се од составот на претходната Влада, предводена од Зоран Заев.
Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа функција е непотребна и треба да се укине. Тие повторно побараа предвремени парламентарни избори, поради лошото менаџирање со кризата предизвикана од пандемијата.
По изборот на заменик-министрите, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина работата по 62. седница, а продолжението, како што рече, дополнително ќе биде закажано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва “Тешки муабети” со Мирка Велиновска!
Следете ја денешната епизода на "Тешки муабети"…
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…
Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…
Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…
Најмладиот пациент во Македонија што оди на…