Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија
Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Унгарија, што се одржуваат на 12 април 2026 година.
Мисијата се состои од повеќе 130 парламентарци од 37 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на изборите во повеќе региони на Унгарија. Специјален координатор на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на изборите во Унгарија е Саргис Канданјан, пратеник од Ерменија и претседател на Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања на ПС на ОБСЕ, а шеф на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ е пратеничката Рупа Хук, членка на делегацијата на Обединетото Кралство во ПС на ОБСЕ.
Парламентарното собрание на ОБСЕ по четврти пат ги набљудува изборите во Унгарија. Набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваат со шефот на Мисијата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР), Еоган Марфи (Ирска), неговиот тим од 15 меѓународни експерти со седиште во Будимпешта, 18 долгорочни набљудувачи распоредени низ земјата од 26 февруари 2026 година, како и околу 200 краткорочни набљудувачи распоредени на денот на изборите. Тимот на ПС на ОБСЕ, исто така, соработува и со Делегацијата од 32 парламентарци од Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Пабло Испан, пратеник од Шпанија.
Во пресрет на изборите, набљудувачите учествуваа на дводевни сеопфатни брифинзи со високи претставници на политичките партии и коалиции што учествуваат на изборите, со шефот и долгорочните набљудувачи на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и со претставници на изборната администрација, на граѓанските организации, на медиумите, аналитичари и експерти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите…
Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во…
Парламентарни избори во Унгарија, излезност до 9:00…
Денес во Унгарија се одржуваат парламентарни избори,…
Отворени се гласачките места во Унгарија
Унгарците гласаат денес на избори што би…
Последни анкети пред изборите во Унгарија –…
Анкетите во Унгарија покажуваат дека опозициската партија…
Њујорк Тајмс: Извештајот за експлозиви во близина…
Пронаоѓањето експлозиви во близина на гасоводот „Турски…