Советник зел позајмица од пријател и изградил мост во Зелениково!

t

Кога станав советник во Општина Зелениково, првото нешто кое си го ветив беше дека нема да бидам како другите, ќе бидам поразличен, за да ме памтат и спомнуваат луѓето по убави нешта – за ,,Фокус” раскажува Тони Димовски од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кој е актуелен во јавноста бидејќи од сопствени средства им изградил мост на жителите на Зелениково, пренесува Фокус.

Околу приказната за мостот, вели дека и самиот се изненадил од интересот на јавноста за истата. Сакал да направи добро дело, да им помогне на луѓето, а сега немало човек кој не го запрел на улица за да му се заблагодари.

-Порано на истото место имало мал дрвен мост. Преку него луѓето минувале за побргу да стигнат до продавница. Без мостот, требаше да свртат круг преку главната улица, и да пешачат околу 700-800 метри само во еден правец. Јас не би сакал никого да обвинувам од локалните власти зошто не се направил тој мост порано. Не можам да кажам дека претходниот градоначалник не го направил затоа што изгубил, а дали им ветил- не знам. Сегашниот, само што дојде на функција, ќе го правеше, но требаше да помине време, па затоа решив на своја одговорност да им излезам на луѓето во пресрет, бидејќи мостот навистина им беше неопходен – раскажува Димовски.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…