Советот на јавни обвинители ја отфрли претставката на Ристоска: Утврдиле дека нема политички притисоци од ВМРО-ДПМНЕ врз неа

t

Советот на јавни обвинители едногласно ја одби претставката на обвинителката Ленче Ристоска, која се жалеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ.

Ристоска во претставката навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО-ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и неколку објави од веб-страницата на партијата.

Членката на Советот на јавни обвинители Маријана Илиевска на денешната седница посочи дека Комисијата утврдила дека изјавите и нападите не се поврзани со конкретни дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на обвинителката.

„Отсуство на индивидуализација ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание. Иако овие изјави на премиерот, каде што тој ја нарекува со термините медиокритет со политичка матрица, сметаме дека не претставуваат повреда на интегритетот на јавната обвинителка бидејќи не се поврзани со дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на нејзиното одлучување“, рече таа.

Во заклучокот на Советот е наведено дека нема надворешно влијание врз нејзината работа ниту, пак, е загрозен нејзиниот професионален интегритет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на јавни обвинители ја отфрли претставката…

Советот на јавни обвинители едногласно ја одби…

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал…

Блискоста на Заев и Филипче и ден…

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред…

ДПМНЕ без збор одобри одбележување на јубилеј…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седница за пратенички…

Од СДС никако да го вклучат или…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание, екс-советникот…

Системот на односи со јавност на СДС…