СОНК денеска преговара со Владата: Ако не падне договор ќе има генерален штрајк

t

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) соопшти дека попладнево е на преговори во Владата во обид за договор за исполнување на нивното барање за зголемување на платите, односно усогласување со минималната плата во дејностите што ги покрива – образование и детска заштита.

Претседателот Јаким Неделков на фејсбук-страницата на СОНК објави дека на преговори се од 15 часот на покана на премиерот Димитар Ковачевски.

Членството од регионите на Синдикатот се изјасни за генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања. СОНК бара усогласување на платите во образованието со миниманата плата, која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

СОНК бара корекции на платите и за вработените во градинките, како и усогласување со минималната плата во високото образование и за вработените во ученичките и студентските домови.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во денови на жалост Владата троши 400…

22 милиони 857 илјади и 961 денари…

(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…

Радио МОФ објави снимка на која се…

Нема веќе молк, нема повеќе страв –…

Нема веќе молк, нема повеќе страв -…

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…

Владата на Република Македонија преку соопштение упати…