Сончево утро, дождливо попладне: Еве каква ќе биде неделата пред нас
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилно време ќе продолжи и утре. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северeн правец. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град.
Во Скопје утре, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во текот на новата седмица ќе се задржи топло време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата ќе има услови за поинтензивни процеси и изолирано невреме со појава на град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сончево утро, дождливо попладне: Еве каква ќе…
Сончево и топло со мала до умерена…
Денес се празнува третото наоѓање на главата…
Во време на луто иконоборство во 8…
Ерусалимскиот патријарх се сретна со Трамп, му…
Ерусалимскиот патријарх Теофил III оствари средба со…
Карабинерите пронајдоа дрога вредна повеќе од 3…
Италијанската полиција откри и разби голема мрежа…
(Видео) Иран лансираше ракета кон американските бази
Исламската револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека извршила…