Социјала се разбуди по текстот на Инфомакс – ќе се издаваат потврди

t

Министерството за социјална политика, демографија и млади донесе одлука повторно да се издаваат потврди за лицата со попреченост, за надминување на проблемот настанат со ослободување од партиципација на корисниците од социјална и детска заштита

„Министерството за социјална политика, демографија и млади оддржа координативен состанок со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија со цел надминување на проблемот настанат со ослободување од партиципација на корисниците од социјална и детска заштита.

Во таа насока се донесе одлука да се издаваат потврди од Центрите за социјална работа за ослободување од партиципација до надминување на проблемот настанот со електронската размена на податоци меѓу двете институции.“ – се вели во соопштението на Министерството.

Инфомакс вчера објави текст во кој пишуваше за оваа ситуација и проблемите со кои се соочуваат луѓето и децата со атипичен развој. Бејби биф, манго и папаја ќе се плаќа со парите за лицата со попреченост.

„Додека лицата засегнати со овој проблем реагираат, а наделжните остануваат глуви за нивните барања, последната ситуација која ја „прели чашата“ е укинувањето на бесплатната здравствена партиципација за лицата со атипичен развој. Ако до пред неколку дена за да се ослободи од плакање требаше да се покаже потврда за попреченост која патем се вади на секои шест месеци иако најголем дел од попреченостите се трајни, сега тоа веќе не функционира и потврдата не ослободува од плаќање. Граѓаните од свој џеб треба да си ги платат здравствените услуги кои им следуваат.

Инфомакс разговараше со Ирена Николовска Ристановска, мајка на дете со атипичен развој, психолог и основач на здружението „РиЛука“. Ирена јавно го сподели проблемот кој го има, изреволтирана од институциите, надлежните но и од своите соборци.

Социјалната правда е темелна вредност на уставниот поредок на нашата држава, во членот 35 од Уставот на РМ се наведува: Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност. Републиката им гарантира право на
помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани. Реубликата им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.

На нашите прашања испратени во петокот, до Фондот за здравствено осигурување, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Центарот за социјална работа, досега, добивме одговор само од ФЗОМ.

Од ФЗОМ за Инфомакс велат дека проблемот не е во Фондот, туку во нецелосно и ненавремено доставување на податоци од страна на Министерството за социјална политика демографија и млади.

Министерството и Центарот за социјална работа, се уште немаат одговорено на прашањата на Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе остане со 3.000 деца годишно…

3760 деца на возраст од 10 години,…

Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за…

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ,…

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна…

„Скопјани се гушат во загаден воздух со…

Нели ќе го раскиневте? Николоски потпиша договор…

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,…

Анкета на ИПИС: Мицкоски со најголема доверба…

Според најновото истражување на Институтот за политички…