Со воената вежба „Одлучен Воин” во Латвија се етаблираше осмата бригада за засилена одбрана на источното крило на НАТО

t

Тринаесет земји членки, повеќе од илјада воени, борбени и логистички возила, над 3500 војници беа дел од Ослучен воин – воената вежба со која се означи и етаблирањерто на НАТО мултинационалната бригада во Латвија, една од осумте мултимационални бригади, распоредени во источното крило на НАТО, од балтичкото море на Северот, до Црното Море на истокот.

Демонстрација на огнената моќ, клучен тест за интероперабилноста. Со една порака: многу нации со една мисија: веродостојно одвраќање на агресијата и одбрана на територијата на НАТО.

„Вежбите се начинот со кој НАТО се подготвува за се. Тие им даваат на нашите сили искуство за заедничка работа. Тоа ќе не направи поподготвени да спречиме каква било агресија. И да ја покажеме нашата способност да ги браниме сите сојузници“ изјави Марк Руте, генсек на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО, кој ја следеше вежбата со порака и за предизвиците со промената на американската адсминистрација.

„Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, работат заедно. САД го разбираат ова, дека НАТО е таму не само за да ги брани Европа и САД, туку и да работи заедно за да се погрижи Индопацификот и трансатлантскиот да останат безбедни. И со нетрпение очекувам да работам со Доналд Трамп. Понекогаш зборуваме за држави на фронтот. Дозволете ми да разјаснам, Холандија и Франција и Обединетото Кралство се држави на првата линија. Таму сме заедно со Балтикот, Полска и сите други земји-членки на НАТО. Сите ние сме држави на првата линија. Не постои држава на фронтот која е поблиску до Русија или подалеку од Русија. САД ние требаат нам. Ние сме им потребни на САД“ посочи Марк Руте, генсек на НАТО.
Македонија е дел од засиленото присуство на НАТО во источното крило, во Романија, Бугарија и овде во кампот Анжу во Латвија. Во 2022 прво со АБХО, потоа со артилерски и сега со извисничко одделение , како дел од словенечкиот контингент. Одбранбената стратегија на НАТО предвидува бригадата овде во Латвија, под водство на Канада да биде постојана одбранбена точка, со натамошна надградба, веќе од следната година со нови радарски и антиракетни системи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…

Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…

ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…

ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…

Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…