Со четирицикл излетал од патот во Охридско: тешко повредена 16-годишна сопатничка
Синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко.
Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По налог на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека И.П. го управувал четирициклот без возачка дозвола и лишен е од слобода.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со четирицикл излетал од патот во Охридско:…
Синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од…
(Видео) Вучиќ ги покажа српските роботи Милутин…
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги изненади граѓаните…
Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари…
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната…
Викендов топлотен бран во Македонија
Утре времето ќе биде сончево и топло…
Лекар од Германија призна дека убил 12…
Лекар од Германија признал дека убил 12…