Со шипка му ја pacцветал главата: Kpвава драма поради недopaзбирање во сообраќајот во Гостивар

Основното јавно обвинителство во Гостивар поднесе обвинителен предлог против 20-годишен гостиварец кој се товари за кривично дело „насилство“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, по кратко сообраќајно недоразбирање со друг возач, на 25 април, обвинетиот, заедно со уште две непознати лица, го нападнале оштетениот. Притоа, обвинетиот со метална шипка го удрил оштетениот во задниот дел од главата, со што му нанел телесна повреда – нагмечување и нагмечно-расцепна рана. Откако му била укажана лекарска помош, оштетениот го пријавил настанот во полиција.
Со делото обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други присутни лица – наведуваат од обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крадец однел 7.000 евра од шупа во…
54-годишен крадец од Кавадарци, кој живее во…
Затворени два угостителски објекти во Тетово и…
На 19.03.2025 во период од 10 до…
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
Полицијата вчера уапсила 43-годишен гостиварец, кој бил…
Жена од тетовско ја нападнала својата 70-годишна…
40-годишна жена од тетовското село Горно Палчиште…
Во делови од Тетово и Гостивар отежнато…
Поради снегот денеска продолжи одлуката за задолжителна…