Објавено на:

Со 204 километри на час „летал“ по автопатот кај Смоквица, уапсен 29-годишник

t

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил со брзина од 204 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 29 јули во 21:26 часот, на автопатот А1 кај клучката Смоквица, полициски службеници од ОВР Гевгелија при СВР Струмица, при контрола со радар го запреле Ж.Д. (29) од Гевгелија, кој управувал патничко возило „БМВ“ со гевгелиски регистарски ознаки.

По констатираниот прекршок, возачот бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

63-годишник возел со 2,04 промили алкохол во…

Рано утрово во Кичево полицијата го приведе…

Ако зборувате на телефон додека возите е…

Дејан Стевиќ, потполковник од Управата на српската…

Казнети 23 возачи во Илинден и Петровец…

– Вкупно 23 лица се санкционирани зашто…

За брзо возење казнети 160 лица во…

Во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) Министерството…