Со 50% зголемување на платите би ги стасале бугарските работници кои се најмалку платени во ЕУ

t

Со 50% зголемување на плата би ги стасале бугарските работници кои се најмалку платени во ЕУ, велат од ССМ за Инфомакс како коментар на статистиката која ја објави Евростат, а која покажува колку чини еден работен час на граѓаните на ЕУ.

Според податоците на Евростат, работниците во Луксембург заработиле 49,7 евра на час по сите одбитоци во 2025 година.

Веднаш зад Луксембург е група скандинавски земји: Исланд (47 евра), Норвешка (45,8 евра) и Данска (44,7 евра).

Просекот во Европската Унија е 26,2 евра, а најблиску до таа бројка е Словенија, чии работници заработуваат 25,6 евра на час.

На дното на листата се балканското дуо, имено Бугарија (10,5 евра) и Романија (12,9 евра).

Што се однесува до регионот, вреди да се напомене и дека Хрватска е малку под просекот, но релативно далеку од дното на листата, чии работници заработуваат 16,2 евра на час.

Од 1 април 2026 година, минималната нето плата во Македонија изнесува 26.046 денари, што е зголемување за 1.667 денари во однос на претходниот износ. Ова усогласување се применува за исплата на платата за месец март, а доаѓа како редовното годишно усогласување на платите според инфлацијата и трошоците за живот.

Сојузот на синдикати на Македонија активно бараше зголемување на минималната плата од 600 евра, нагласувајќи дека минималната синдикална кошничка надмина 65.000 денари, поради што се организираа низа на протести, машрови и блокади.

Власта сепак остана глува на овие барања, меѓутоа статистиката објавена од Евростат покажува поразителни бројки доколку ги споредиме македонските плати.

– Некој неофицијален податок е дека кај нас е помеѓу 5 – 8 евра ( околу 5 евра во нето на просечната плата или нешто над 7 евра во бруто на просечната плата, а доколку е на минималната 2,6 евра нето, а на бруто 3,6 евра) или само за да ги стасаме Бугарите платите треба да се зголемат за најмалку 50%. – нагласуваат од Сојузот на Синдикати на Македонија.

Статистика е за компании над 10 вработени, а кај нас мнозинството компании се под 10 вработени или мали и микро компании.

– Меѓународната организација на трудот има анализа за продуктивноста па така ако се земе податокот за Македонија и Бугарија од таму ќе се види дека ГДП по работник по работен час е 37,2 долари по работен час, а Македонија 34 долари по работен час.

Кај нас и стапката на придонеси е повисока или 28 % и на тоа и персонален данок околу 11.11% или безмалку 38- 39%, објаснува претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Таму кадешто платите се повисоки, работниците се попродуктивни, покажува анализата на Меѓународната организација на трудот. Поточно, работниците во Луксембург се меѓу најпродуктивните. Македонија е далеку од врвот на листата.

Последите податоци покажуваат дека работната сила полека се топи, а имаме и пад на индустриското производство.

Индустријата се соочува со сè поголем недостиг на работна сила, што директно влијае врз обемот на производството, особено во секторите рударство и преработувачка индустрија. Најновата статистика на Државниот завод за статистика покажува континуиран пад на бројот на вработени и намалено индустриско производство. Во периодот јануари – февруари 2026 година, бројот на работници во индустријата е намален за 3,5 % во споредба со истиот период минатата година.

Според официјалните статистички податоци, бројот на работници во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, е намален во повеќе клучни индустриски сектори. Во секторот рударство и вадење камен е забележан пад од 6,3 %, во преработувачката индустрија за 3,4 %, додека во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација работната сила е намалена за 0,4 %.

Индустријата и лани се соочуваше со проблем да се најде квалификувана работна сила. Во февруари минатата година, во споредба со истиот период во 2024 година, индустриското производство беше намалено за 0.8 %. Најголем проблем со работна сила имаше повторно во секторот рударство и вадење на камен, каде имаше помалку работници за 4.4 %. Но, тогаш во преработувачка индустрија имаше пораст од 1.7 %, пред се поради зголемото производство на тутун, облека и машини. 

Покрај падот на работната сила, регистрирано е и намалено индустриско производство, кое во февруари 2026 година е пониско за 4,2 % во однос на февруари 2025 година. Најголем пад е забележан во секторот рударство и вадење камен, каде што производството е намалено за 9,6 %. Во преработувачката индустрија опаѓањето е 1,9 %, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е евидентиран значителен пад од 17,2 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со 50% зголемување на платите би ги…

Со 50% зголемување на плата би ги…

Војната во Иран за трипати ги поскапе…

Војната во Иран веќе предизвикува потреси во…

Пад од 4,2% на индустриското производство

Државниот завод за статистика објави дека индустриското…

Македонија со второ најголемо поскапување на јајцата…

Цените на јајцата пред Велигден растат низ…

ФАО: Зголемени цените на храната поради војната…

Светските цени на храната се покачија во…