Спасовски: Да празнуваме одговорно, пиротехниката да им ја оставиме на професионалците

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на сите  граѓани им посака среќна и бериќетна Нова година.

За претстојните празници, потсетува Спасовски, дека треба да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските.

Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да не го објавуваме нашето отсуство од домот, правејќи го така попривлечно за крадците и разбојниците, а сомнителните појави да ги пријавиме во најблиската полициска станица. Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, оти далеку поубаво место за прослава е кругот на најблиските одошто  ургентните центри. Иако за полицијата нема празник и таа ќе биде присутна на терен, да се воздржиме од инциденти, бидејќи тие само ја уништуваат празничната атмосфера, вели во новогодишното обраќање Спасовски.

Зад нас е уште една турбулентна година, првенствено предизвикана од продолженото дејство на коронавирусот кој, за жал, сѐ уште не го прогласи својот завршеток, подвлекува министерот, притоа наведувајќи дека ова беше и година кога го положивме демократскиот испит за зрелоста со успешно организираните Локални избори 2021, поставувајќи ја нашата држава на едно ново, повисоко ниво.

И политичката сцена имаше своја посебна динамика, која навестува  преобразби во годината што следи, како на национален, така и на меѓународен план, очекувања за зајакнати дијалози и желби за посилно темпо на реформи, стои во обраќањето на Спасовски.

Од аспект на Министерството за внатрешни работи, истакнува Спасовски, имавме генерално стабилна безбедносна состојба во текот на целата 2021 година, со тенденција на намалување на инкриминациите во споредба со истиот период од минатата година и вкупна ефикасност од околу 61 процент.

Потсетува дека се сузбиени седум организирани криминални групи, со пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со резултати во заплената на наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра. Говори и за  заплената на 1.555.600 таблети псеудоефедрин во вкупна количина од 1 тон и 15 килограми, од кој употребен како прекурсор би се произвеле околу 700 килограми синтетичка дрога, метамфетамин, кој на црниот европски пазар за споменатата количина може да достигне вредност од 10 милиони евра.  Се осврнува и на зголемувањето за 23,4 проценти и на откриените кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје и повеќекратно зголемување на заплените на оружје, муниција и пиротехнички средства; со зголемување на откривачката дејност за 58,3 проценти во делот на корупцијата за разлика од претходната година; со тенденција на намалување на бројот на жртвите во сообраќајните несреќи.

Министерот Спасовски меѓу другото говори и за материјално – техничкото унапредување што го одбележаа повеќе комплети униформи за специјалните единици, униформи и чевли за униформираната полиција, Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ,  Хеликоптерската единица, а целосно нова униформа е обезбедена и за младите полицајци и приправници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џабе го дадовме името?! Димитров: ЕУ не…

Поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи…

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…