Спасовски: Само интеграција во ЕУ и НАТО ќе донесе мир на подрачјето на Западен Балкан

t

Регионот на Западен Балкан е регион во кој се испреплетуваат геостратешките интереси на големите сили. Само интеграцијата во НАТО и ЕУ ќе го направат оваа подрачје целосно мирно, рече синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за ТВ Клан.

Според него, „брзо дојде агресијата на Русија врз Украина со што веднаш се виде колку е важно нашето членство во НАТО и колку е важна безбедноста“.

Тој посака сите отворени прашања на Балканот, за Косово и за БиХ да се решат низ дијалог.

-Република Македонија покажа дека дијалогот е вистинското решение да ги решите отворените прашања, прашањата кои може да предизвикаат конфликти со соседите и притоа да одите напред, како што е случај со нашата држава, потенцираше Спасовски.

Министерот говореше и за лажните дојави за бомби низ земјава.

-Дојавите за бомби се дел од хибридни напади што не се случуваат само кај нас, туку и во регионот и пошироко. Обидите за тероризам и хибридно војување одат дотаму да предизвикаат страв, несигурност, паника, уривање на институции, подривање на државата, политичката власт, но и да ги троши институциите. Се тоа е нешто што се бара како можна цел зад овие хибридни напади, истакна првиот полицаец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на…

НАТО има витален ангажман за заштита на…

ЕУ масовно инвестира во одбраната

Лидерите на Европската унија на самитот во…

Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…

По повод трагичниот пожар во дискотеката во…

Мицкоски разговарал со Руте, се размислува за…

Премиерот Мицкоски имал разговор со генералниот секретар…

Руте повика на нормализација на односите со…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…