Спасовски се сретна со директорот на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци: Изрази задоволство што Македонија е контакт точка

Денеска, (14.02.2022 година), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со Сашко Коцев, директор на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци – Регионален Центар МАРРИ во Скопје. На средбата од двете страни беше потврдена долгогодишната успешна соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и МАРРИ Регионалниот Центар во Скопје, а од страна на директорот Коцев беше изразена благодарноста до министерот за континуираната поддршката кон МАРРИ иницијативата.
Директорот на МАРРИ, Коцев на средбата ја искористи можноста да го брифира министерот Спасовски за тековните активности кои се одвиваат во рамки на македонското претседателство со МАРРИ и приоритетите кои се во план да се реализираат.
Министерот Спасовски изрази задоволство од тоа што Република Северна Македонија преку МАРРИ Регионалниот Центар прераснува во вистинска контакт точка за регионот на Западен Балкан за областите кои што ги опфаќа мандатот на самата Иницијатива, со уверување дека поддршката што Министерството за внатрешни работи му ја дава на овој Центар ќе продолжи и во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акција на МВР, уапсен турски државјанин: Ова…
Полициски службеници од полициската станица за граничен…
Пронајдени 20 мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје: Возачот…
На автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка…
Сунак пресече: Ќе ги враќа сите мигранти…
Во интервју објавено во весникот „Мејл oн…
47-годишник од Волково пренесувал мигранти
Полициски службеници од Полициското одделение за граничен…
“Млад бизнисмен”: Ученик од Бугарија пренесувал авганистански…
Обвинителството Стар Загора, Бугарија, приведе 18-годишен студент…